Дома
Помош
Мапа
Copyright © RZ USLUGI A.D.
За нас
Поддршка
Партнери
Новости
ЗА НАС
Р.Ж'Услуги' А,Д. Скопје е акционерско друштво кое произлезе како еден од правните следбеници од трансформацијата на ”Рудници и Железарница”Скопје-Скопје, а со тоа ги продолжува правата и обврските на дејностите за кое е регистрирано.
Р.Ж. “Услуги”А.Д.Скопје е друштво кое врши услуги од повеќе дејности како што се:
Водоснобдување на Железарницата
Обезбедување на имотот и противпожарна заштита
Телефонија
Институт за техничка сигурност
Техничка документација
Конструктивно биро
Развод на флуиди
Мазутна,ацетиленска и пропан бутан станица
За извршување на овие услужни дејности во Р.Ж.”Услуги”А.Д. Скопје се вработени 170 работници кои со својата стручна подготовка, екипираност и техничка опременост, успешно и квалитетно ги извршуваат поставените задачи.
Една од основните дејности на друштвото е водоснабдувањето на Железарницата со вода за потребите на производниот процес односно индустриските потреби и хигиенските потреби на вработените.
Основата на водоснабдуввањето е дефинирана уште со изградбата на Железарницата , за која потреба изградени се повеќе хидро-градежни објекти, различни по големина и функција , но се со една единствена цел да ги задоволи технолошко-техничките норми во процесот на производството. .Делот од Р.Ж.”Услуги”А.Д.Скопје кој врши дистрибуција на водата е Водостопанство ,кое успешно ја извршува оваа дејност околу 40 години..Водоснабдувањето е поделено на дистрибуирање на индустриска вода за потребите на технолошкиот процес до основните погони и дистрибуција на вода за пиење и санитарни потреби. За таа цел изградени се повеќе пумпни станици кои рециркулираат приближно 4 м3/сек вода за потребите на технолошкиот процес. Инсталирани се педесетина пумпни агрегати со инсталирана снага од околу 20 мегавати.Едновремено во работа се пумпи со снага од околу 4 мегавати.
Освен снабдување на хигиенска вода за вработените во Железарницата ,Р.Ж. “Услуги” А.Д. Скопје врши снабдување со хигиенска вода и на околните објекти надвор од кругот на Железарницата како што се : Здравствениот дом, стрелиште “Камник”, и селата Црешево и Смилковци, со можност за снабдување со вода за пиење и на други корисници. За таа цел Р.Ж.”Услуги”А.Д.Скопје располага со пумпни станици, инсталирана водоводна мрежа, односно комплетно изградена инфраструктура со такви капацитети за да ги задоволи сите прописи и норми. Водоводната мрежа со вкупна должина на магистралните цевоводи е околу 50 км со различен дијаметар на цевките. , која е реконструирана во 1985 год. на поедини делници,каде што се вградени нови цевоводи заради обезбедување на поголемо количество вода и зголемување на безбедноста на водоснабдувањето.